Вести
Амбасадорката на република Србија во Македонија организираше презентација на српска храна и вино во амбасадата
Српска музика, српска храна и српско вино беа презентирана во дворот на Амбасадата на република Србија во Македонија во организација на Амбасадорката на Република Србија Душанка Дивјак Томиќ.
“Честа ми е голема што сите не испочитувавте и ни дојдовте, оваа вечер ја посветуваме на традиционалната српската храна и вино. Сакаме да ги претставиме и промовираме српските компании тука во Македонија, а со тоа и да ја подобриме взаемната трговско-економска соработка помеѓу две соседни држави. Посебна благодарност ќе упатам до премиерот на република Македонија, Зоран Заев кој заедно со министрите од владата , Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Арбр Адеми министер за образование, Бујар Османи потпретседателот на владата не испочитуваа и ни дојдоа”, – рече амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ.
Во своето обраќање амбасадорката се заблагодари на сите присутни на коктелот меѓу кои и на претставниците од Врање кои несебично и помогнале во организацијата, на сите компании кои учествуваа на коктелот, а помеѓу нив беа и претсавници од слаткарница Зафир од Куманово, повеќе месни производители и винарии од Србија.
На коктелот во Српската амбасада присуствуваа гости, амбасадори од сите амбасади во Р.Македонија, пратеници, градоначалници од Куманово, Старо Нагоричане и Скопски Центар. Претставници на бизнис секторот, од културниот живот, претставниците на културно уметничко друштво „Српски Вез„ од Куманово и претставниците на медиумите кои емитуваат програма на српски јазик во Македонија.