Вести

Александар Арсиќ нов директор на АД Гама

Александар Арсиќ нов директор на АД Гама

Функцијата извршен  директор на АД Гама  од денеска ќе ја извршува  Александар Арсиќ од Куманово. Примопредавањето на функцијата е извршено од страна на досегашниот директор Владимир Стојановиќ кадар на ДПСМ.

Новиот директор на АД Гама , Александар Арсиќ беше професор во ССУ „ Киро Бурназ„ во Куманово, два мандати советник во Советот на општина Куманово и претседател на Советот. Тој е долгогодишен член на СДСМ и член на раководството во партијата.

Основната дејност на АД Гама  е пренос на природниот гас и управување со системот за пренос на природен гас во Република Македонија и зачувување на зелената животна средина.

admin

January 4th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *